Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите до 19 години ќе одиграат две пријателски против Турција

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Турција.

Дуелите ќе се играат во Скопје и тоа на 8 и 11 октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и ќе бидат последна проверка пред квалификацискиот турнир кој е на програмата наредниот месец во Албанија.

-Дуелите со Турција ќе бидат наша последна проверка пред квалификацискиот турнир што не очекува во ноември. Не треба да се трошат зборови за Турција, се работи за селекција која располага со огромен квалитет и потенцијал. Добро се подготвуваме за овој натпревар, имаме одличен состав, задоволен сум од пристапот и залагањето на моите фудбалери на тренинзите, ќе биде тешко, но се надеваме дека можеме да ја изненадиме Турција, -истакна селекторот Дашмир Беари.

Ова е списокот на повикани играчи:

Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П), Кире Новаков (Триглав, Словенија), Гоце Јовчев (Вардар);

Одбрана: Љупче Кудев (Кит-Го), Самет Реџепи (Шкупи), Грегори Давков (Вардар), Филип Ѓоргоски (Вардар), Давид Бошески (Кит Го), Кристијан Тасевски (Аугсбург, Германија), Решат Рамадани (Шкендија);

Среден ред: Октај Ракипи (Шкендија), Зуфер Шаини (Бриње, Словенија), Борче Гогов (Тиквеш 09), Алтин Весели (Ренова), Ардијан Чилафи (Сампдорија, Италија), Матеј Ангелов (Работнички), Бесар Гуџуфи (Бешикташ, Турција), Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка);

Напад: Бехар Фета (Воска), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Дашмир Елези (Шкендија), Али Али (Ренова);

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни