Поврзете се со нас

Англија

На повидок изненадувачки трансфер: Клуб од Премиер лигата сака да го ангажира Агуеро

Објавено

на

Медиумите на Островот пренесуваат дека премиерлигашки клуб сака да му ја расипе цела работа на Жоан Лапорта околу неговото прво засилување во Барселона, и да го ангажира АГуеро во своите редови.

Од  таборот на Челси изразиле сериозна подготвеност да го ангажираат Агуеро во своите редови. Аргентинецот наводно пуштил глас дека сака да остане во Премиер лигата дури и ако си оди од редовите на Манчестер Сити, а од Челси веднаш загризале за мамката и посакале да го ангажираат искусниот фудбалер.

Челси и покрај тоа што се засили со Тимо Вернер, а ги има и Оливие Жиру и Тејми Абрахам се уште не може да се потпре на своите напаѓачи кои не играат константно оваа сезона.

Токму затоа, Агуеро, кој би дошол како слободен агент би бил идеално решение за напаѓачката позиција, барем додека Вернер не се адаптира во целост на англискиот фудбал.

Како и да е, Барселона засега останува фаворит за неговиот потпис, а едно е сигурно, тој нема да продолжи со Манчестер Сити, клуб со кој има договор до крајот на јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни