Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје супериорен против Гостивар во дебито на Радуловиќ

Објавено

на

Екиата на МЗТ Скопје пред неколку денови одлучи да се раздели со тренерот Ѓорѓи Кочов и да му остави простор на Дарко Радуловиќ, промена која даде резултат ако се суди по денешниот меч во кој „штрковите“ лесно го решија Гостивар (93-76) во првата македонска лига.

Клубот од скопски Аеродром знаеше што сака на овој натпревар и успеа со доминатна игра да дојде до резултатот што го посакуваше во „Јане Сандански“. На полувреме „металците“ имаа плус 17 (49-32), предност која продолжи да расте и во продолжението, па така на крајот најефикасен беше Гравет со 22 поени, капитенот Стојановски додаде 15, а двоцифрени беа уште Бојиќ, Тарнер и Карачиќ.

Кај Гостивар, Димчевски даде 6 тројки од 9 обиди за вкупно 19 поени.

МЗТ има учинок 7-4, Гостивар пак има 9 победи и 7 порази.

Во Битола пак Пелистер и Еуро Никел одиграа луд натпревар со три продолженија кој им припадна на гостите од Кавадарци со 122-116. Регуларниот дел заврши 92-92 и тоа откако Рикиќ даде кош на десет секунди до крајот.

Потоа следуваа исцрпувачки 15 минути во кои избраниците на Самарџиски подобро се снајдоа за 10. славје во сезоната.

Шест играчи кај победникот беа двоцифрени, листа која ја предводеше Рикиќ со 23 кошеви на кои додаде 9 скокови. Кај Пелистер сите 55 минути ги изигра Кесар кој даде 33 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни