Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ покажа класа и го надигра ТФТ за осма победа во низа

Објавено

на

МЗТ Скопје е класа за себе во домашното првенство во овој момент, а тоа го покажа и со осмата победа во низа на натпреварот кој се очекуваше да биде сериозен тест.

Кошаркарите од Аеродром го надиграа ТФТ Скопје од Тафталиџе со 82:90, но иако конечниот резултат не дава слика за огромна разлика, сепак гостите прилично рутински си ја завршија работата бидејќи големата предност само се стопи со текот на времето.

МЗТ имаше плус 21 на полувремето, стигна и до плус 23 на почетокот на вториот дел, а потоа следеше мал пад во играта на гостите и серија на ТФТ со која успеаја да влезат во некаков резултатски приклучок.

Сепак, „штрковите“ речиси цело време беа блиску до плус десет и ја одржуваат солидната предност, па на крајот со конечните 82:90 стигнаа до нова победа во домашното првенство.

Дамјан Стојановски уфрли 20 поени и беше најдобар кај МЗТ Скопје, Рикиќ имаше еден помалку, додека Хортон со 22 поени беше најефикасен кај домаќините, а воедно и на паркетот.

На останатите два меча денеска, Куманово го победи Феникс со 103:98, а ФМП Академија славеше во Гостивар со 64:70.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни