Поврзете се со нас

Италија

Мурињо одбил да стане селектор на Португалија: Јас бев единствен избор!

Објавено

на

Жозе Мурињо со својата Рома се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија, а по овој триумф се одлучи да проговори за изборот на Португалците за нов селектор.

Мурињо важеше за фаворит за наследник на Фернандо Сантош, меѓутоа на крајот не се оствари оваа идеја или поточно местото го зазема Роберто Мартинез. Претседателот на фудбалската федерација на Португалија, Фернандо Гомеш на претставувањето на Мартинез истакна дека единствениот конкретен предог за оваа работа бил доставен само до Шпанецот, а ова го испровоцира Жозе кој се реши да одговори во свој стил.

-Денеска можам да разговарам со вас и да кажам нешто што можеби не ве интересира многу, но сакам да му се заблагодарам на претседателот на Португалската федерација. Она што го кажа ме направи многу горд, велејќи дека не сум бил прв избор, туку негов единствен избор и дека ќе направел се за да ме врати дома. Тој ме направи многу среќен. Ама не отидов, тука сум и давам се од себе, -порача „специјалниот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни