Поврзете се со нас

Свет

Муриел ќе го придизвика Меси во МЛС лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/OrlandoCitySC

Интер Мајами донесе неколку познати имиња во изминатава година од кои дефинитивно најголемо е Лионел Меси, еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Потегот на Меси да дојде во МЛС лигата придонесе и други квалитетни фудбалери да дојдат во некои од тимовите во овој шампионат. Последното познато име кое се реши на ваков потег е Луис Муриел, напаѓачот кој повеќе од една деценија настапуваше за клубови во најсилните лиги во Европа.

Колумбиецот од Аталаната прифати да се пресели во Орландо Сити, тим кој е од Флорида исто како Интер Мајами, па слободно може да се каже дека Муриел ќе го предизвика Меси.

-Многу сум возбуден и среќен што сум тука, што ја живеам атмосферата што е овој град на тимот и со голема желба да започнам. Имав различни понуди кога ми се јавија Оскар [Пареха] и Орландо. Ја донесов оваа одлука гледајќи го развојот на овој клуб, играчите овде и желбата на сите да освојуваат титули, сето тоа беа работи кои влијаеа во мојата одлука. Возбуден сум што ќе започнам, -истакна Колумбиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни