Поврзете се со нас

АТП

Муратоглу за кам-бекот на Надал: Има две објаснувања

Објавено

на

Рафаел Надал планира да се врати на терените на почетокот на новата календарска година и тоа на турнирот во Бризбејн кој треба да му послужи како добра подготовка за првиот грен слем во 2024 година Австралија Опен.

Шпанецот токму од настанот во Мелбурн нема одиграно ниту еден меч, поточно по повредата следеше долг процес на закрепкување, па дури и беше неизвесно дали воопшто ќе направи кам-бек на големата сцена. Сега кога тоа е зад него, тој сака одново да се испроба, да види што може, односно според ценетиот тренер и аналитичат Патрик Муратоглу постојат две објаснувања.

-Тој сака да игра на Австралија Опен, има две објаснувања. Првата е дека можеби мисли дека ова му е последна година и затоа сака да игра. Второ се чувствува добро. Да не беше така, веројатно ќе го прескокнеше и ќе замине директно на земјена подлога, веројатно во Јужна Америка и на тој начин ќе се подготвуваше за Ролан Гарос кој секако ќе биде најважниот турнир за него, бидејќи тоа е грен слем на кој има најголеми шанси за победа.

-Луѓето мислат дека неговото тело не е добро поради долгото отсуство, годините… Но, ако се чувствува добро физички, секогаш ќе биде опасен. Ќе биде интересно затоа што помладите момци напредуваат додека тој беше отсутен. Навистина со нетрпение очекувам да ги видам тие млади момци како играат против него, -истакна Муратоглу за „Јуроспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни