Поврзете се со нас

Конференциска лига

Милинковиќ-Савиќ имаше кошмарна претстава, АЗ Алкмар го освои „Олимпико“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

АЗ Алкмар ќе отпатува за Холандија со предност по првиот осминафинален дуел во Конференциската лига на Европа, откако вечерва со пресврт успеа да го освои „Олимпико“.

Лацио отвори подобро и успеа да поведе благодарение на снаодливата реакција на искусниот Педро, но денеска како главен трагичар за фаворитот се покажа еден од најдобрите.

Капитенот Милинковиќ-Савиќ имаше претстава за заборав, бидејќи на двапати имаше лоша реакција при двата гола кои ги постигнаа гостите од Холандија.

Србинот најпрво лошо ја врати топката и отвори контра за противникот која резултираше со гол на Павлидис, а потоа во вториот дел имаше уште еден лош потег.

Од него и Педро тргна новиот против напад на АЗ Алкмар, но овојпат стрелец беше Керкез во 62-та минута. Иако имаше уште половина час до крајот, Лацио не успеа да избегне пораз и сега ќе брка негатива на реваншот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни