Поврзете се со нас

Италија

Марота точно прецизираше кога истекува откупната клаузула на Лаутаро: Чекаме потег од Барса!

Објавено

на

Лаутаро Мартинез е главна вест во каталонските медиуми веќе подолго време, од едноставна причина што Барселона сериозно планира да се засили со најталентираниот играч во нападот на Интер.

Наспроти волјата на шпанскиот првак, треба да се напомене дека Интер не сака да преговара и не планира да го продаде Лаутаро за било која сума под онаа одредената во откупната клаузула, но денеска главниот оперативец на клубот од Милано откри и детали дека споменатата цифра не е вечна.

Всушност, клаузулата е актуелна ако се активира до 7-ми јули, односно до тој датум, откупната сума на Аргентинецот изнесува 111 милиони евра, а потоа истата само ќе расте. Не треба да се заборави дека Барселона на сличен начин го ангажираше и Антоан Гризман кога го исполни рокот за активирање на клаузулата, а дали тоа ќе биде така и ова лето останува да видиме.

– Ние сакаме да го засилиме нашиот состав ова лето, а не да ослабнеме. Како секој голем клуб, сакаме да ги задржиме најголемите ѕвезди.

– Кога е во прашање Лаутаро, има клаузула која истекува на 7-ми јули. Чекаме потег од Барселона и ќе видиме што ќе направат. Најважно е што сега играчот е посветен на Интер и фокусиран за бележење добри резултати на рестартот на сезоната, – појасни Бепе Марота за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни