Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед во поинакво руво: „Шевролет“ заминува во историјата, Јунајтед доби нов спонзор

Објавено

на

Манчестер Јунајтед наредната сезона ќе биде во ново руво, односно ќе има нов главен спонзор на дресовите, откако денеска и официјално потврди дека е официјализирана соработката со познатата германска компанија.
Неколкугодишниот спонзор „Шевролет“ се повлекува од статусот на главен спонзор и наредната сезона во фокусот кога ќе игра Јунајтед ќе биде „Тимвјуер“ (TeamViewer), познатиот компјутерски софтвер кој сега си обезбеди планетарна реклама со петгодишниот договор кој го потпиша со клубот од „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед со големо задоволство ја пренесе оваа вест и потврди дека „Шевролет“ заминува во историјата после седум и пол години, бидејќи сепак нема да бидат доработени најавените шест месеци за првиот дел од наредната сезона.
Клубот во својата објава не откри детали за договорот со новиот спонзор, но англиските таблоиди брзо дојдоа до бројките и пренесоа дека во овие тешки времиња со пандемијата, Јунајтед си обезбедил 47 милиони фунти по сезона.
Вкупниот договор изнесува 235 милиони фунти, а Јунајтед најавува дека ќе бара и нов спонзор од сферата на автомобилизмот, откако ѕвездите на Јунајтед досега секоја година добиваа подарок автомобили од Шевролет.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни