Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед нема да притиска за Санчо, најде поевтина, но одлична варијанта за десната крилна позиција

Објавено

на

Медиумите во Англија пренесуваат дека уште еден играч кој игра на крилните позиции влегол во нотесот на Оле Гунар Солскјер како можно засилување во летниот преоден рок.

Станува збор за португалскиот крилен фудбалер од редовите на Спортинг Лисабон, Педро Гонкалвеш кој игра одлична сезона во лидерот на португалското првенство.

Манчестер Јунајтед долг период се интересира за Џејдон Санчо, но неговата висока цена ќе ги натера „ѓаволите“ да разгледаат и други играчи, меѓу кои е и Гонкалвеш кој според „Телеграф“ би ги чинел околу 50 милиони фунти.

Гонкалвеш оваа сезона во дресот на Спортинг Лисабон има постигнато 15 погодоци на вкупно 21 натпревар со што го привлече вниманието на големите европски клубови меѓу кои е и Манчестер Јунајтед.

Освен Гонкалвеш, на радарот на Солскјер е уште еден поранешен играч на Спортинг Лисабон, Рафиња, кој игра одлично во дресот на Лидс Јунајтед во Премиер лигата оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни