Поврзете се со нас

Свет

Манасков втор стрелец во фуриозната партија на Веспрем

Објавено

на

Тимот на Веспрем за кого настапува репрезентативецот Дејан Манасков издвојува убедлива победа над Дабас од 38-20 во дуелот кој се одигра вечерва во првата лига на Унгарија.

Домаќините важеа за огромни фаворити, а тоа го потврдија на теренот особено во вториот дел во кој му дозволија на противникот да даде само седум голови (19-7). Во оваа фуриозна партија најефикасен беше кружниот напаѓач Нилсен со седум погодоци, додека нашиот Манасков и Хрватот Штрлек беа втори на листата со пет голови.

Фекете со шест погодоци ја предводеше листата на стрелци кај поразените.

Веспрем е на првото место на табелата со 17 победи и едно реми, во следното коло го пречекува големиот ривал ПИК Сегед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни