Поврзете се со нас

Свет

Македонската гол-машина го стресе и Ренџерс: Миовски го прикажа својот напаѓачки инстинкт и на „Ајброкс“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски игра во страшна форма од стартот на сезоната и важи за еден од најдобрите играчи во шкотската Прермиер лига, а во тоа полека се уверуваат и играчите на најдобрите тимови.

Откако постигна маестрален гол против Селтик и не дозволи победа на шампионот против Абердин, македонскиот репрезентативец изгледа расположен и оваа вечер, па така стрелаше во мрежата на Ренџерс во вистински момент.

Фаворитот поведе во раната фаза со голот на Матондо, но пред да се замине на пауза, Миовски мајсторски се загради, а потоа го прикажа својот убиствен голгетерски инстинкт и со елегантен допир го измами голманот на Ренџерс.

За Миовски ова беше 20-ти погодок од стартот на сезоната, а прв под водство на новиот тренер Нил Ворнок кој денеска дебитира на „Ајброкс“.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни