Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија загуби од Египет во првиот пријателски натпревар во Каиро

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Македонија со 32:25 загуби од големиот фаворит Египет на пријателската средба одиграна во Каиро.

Избраниците на Кире Лазаров беа сосема солидни против објективно посилната репрезентација со која се држеа добри 40 минути.

Разликата во голови беше достижна се до втората половина на второто полувреме кога домаќините со добра серија се одлепија на плус пет, разлика која подоцна и ја зголемија, па на крајот заслужено се радуваа на победата.

Солиден меѓу стативите во нашиот табор беше Никола Митревски кој собра 11 одбрани, додека голгетерски расположен беше Филип Талески кој постигна шест голови.

Цветан Кузманоски застана на четири погодоци, додека Филип Кузмановски даде еден помалку.

Утре во ист термин двете репрезентации ќе одиграа уште еден пријателски натпревар во Каиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни