Поврзете се со нас

Свет

Македонецот е супер засилување за Болуспор: Аврамовски погоди по импресивна акција од слободен удар (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Boluspor

Даниел Аврамовски има импресивен старт на втората авантура во  турскиот фудбал, а тоа го потврди и ова попладне на натпреварот против Тузласпор.

Македонскиот напаѓач се покажува како огромно засилувњање за Болуспор и овој тим запиша четврта победа на последните пет меча, а еден од најзаслужните повторно беше Аврамовски.

Популарниот Цујо го постигна третиот погодок откако направи трансфер во јануарскиот преоден рок, а истиот пристигна по една извежбана акција од тренинг.

Чичек и Аврамовски режираа импресивна акција од слободен удар и ја измамија цела одбраа на Тузласпор, па иако домаќините израмнија и се вратија во игра, Болуспор на крајот победи со 1:2.

Дел од овој натпревар беше и Лука Станковски, младинскиот репрезентативец кој неодамна се пресели во Тузласпор.

Видеото погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни