Поврзете се со нас

Репрезентација

Лука Тони пред дуелот со Македонија: Ќе биде трагедија ако Италија не игра на СП!

Објавено

на

Се поблиску сме до бараж пресметките за пласман на Светското првенство, а во нив ќе биде и Македонија која во полуфиналето во Палермо ќе се соочи против Италија.

Италијанците како актуелни европски шампиони се големи фаворити, ама тоа со игра и резултат ќе треба да го потврдат на „Ренцо Барбера“ на 24 март. Притисокот е целосно на страната на домаќините, но тоа според прославениот напаѓач Лука Тони не би требало да биде проблем, односно за него се освен пласман на „аѕурите“ во Катар ќе биде голема трагедија.

-Воопшто не сакам да помислам на елиминација на Италија, тоа ќе биде спортска трагедија. Доаѓаме од фантастично искуство од ЕП и се надевам дека Манчини ќе ни подари уште еден скапоцен камен по прекрасното лето кое го имавме. На кого би се потпрел? Го имаме Имобиле кој и покрај некои потешкотии во репрезентацијата е наш центарфор. Вистина е дека на Скамака му оди добро, но тоа се мечеви во кои е потребно искуство и умешност. Би сакал Имобиле да не одведе на Светското првенство и со тоа да ги избрише критиките што ги добива кога игра во дресот на Италија, -порача Тони.

Да потсетиме победникот од средбата меѓу Италија-Македонија ќе игра со подобриот од Португалија-Турција во борбата за мундијалскиот билет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни