Поврзете се со нас

Англија

Лук Шо откри каква амбиција има Јунајтед во ЛШ: Многумина ќе сметаат дека сум глупав, но….

Објавено

на

Колегите Џејми Карагер и Мика Ричардс му се изнасмеаја на Петер Шмајхел откако легендарниот чувар на мрежата нагласи дека верува во триумф на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, а додека на многумина ова им звучи ова смешно, треба да се напомене дека истиот став го делат и дел од играчите во првиот тим.

Лук Шо е првиот играч на Јунајтед кој јавно проговори на оваа тема, и тоа непосредно откако „ѓаволите“ остварија важна и тешка победа над Брајтон во ноќта кога почна осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Во моментите кога се играа осминафиналиња во Париз и Лисабон, Јунајтед на домашен терен го победи Брајтон и се искачи на четвртото место на табелата во Премиер лигата, но за разлика од претходните сезони, ова не значи дека Манчестер е надвор од натпреварувањето.

Терминот на Јунјатед против Атлетико Мадрид е наредната седмица, а размислувајќи на почетното гостувањето во шпанската престолнина, Лук Шо излезе со една храбра изјава.

– Полека влегуваме во клучен дел од сезоната и многу е важно да фатиме моментум во сите натпреварувања. Како тим, ние веруваме дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Знам дека многумина од страна ќе сметаат дека сум глупав кажувајќи вакво нешто, но јас навистина верувам во тоа. Сите во соблекувалната веруваме дека можеме да одиме до крај во Лигата на шампионите, – вели левиот бек на Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни