Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луда прослава на играчите на Челси кои не беа во протоколот, Силва за малку ќе се испотепаше по скалите (Видео)

Објавено

на

Екипата на Челси одигра уште еден одличен натпревар и со чиста победа од 2:0 против Атлетико Мадрид го потврди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Англискиот клуб со вкупен резултат 3:0 го совлада актуелниот лидер во Ла Лига, а на „Стемфорд Бриџ“ беше продолжена одличната серија на Томас Тухел кој се уште ја нема почувствувано горчината на поразот.

Пред самиот крај на средбата кога гол за потврда на победата постигна Емерсон Палмиери, на трибините на „Стемфорд Бриџ“ се случи доста интересен момент.

Фудбалерите кои не беа во протоколот за овој натпревар, Тијаго Силва, Мејсон Маунт и Жоржињо лудо го прославија погодокот на Палмиери кој беше постигнат во 94. минута од средбата.

Интересно е тоа што повредениот Тијаго Силва скокаше по скалите на стадионот и малку фалеше да се сопне. Него веднаш во прегратка му втрчаа Жоржињо и Маунт, а ваквата снимка кружи на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни