Поврзете се со нас

Свет

Лоши вести од Франција: Стојановски заработил тешка повреда на коленото, ќе мора да оди „под нож“

Објавено

на

Гравелин вечерва загуби на домашен терен од Стразбур во првата француска кошаркарска лига, натпревар на кој не настапи македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски за кого пристигнуваат навистина лоши вести.

Кошаркарските медиуми од Франција и изворите блиски до Гравелин проследија навистина непријатна и непосакувана вест за искусниот македонски кошаркар, кој денеска бил надвор од протоколот поради тешка повреда на коленото.

Според информациите, Војдан ја заработил најчестата спортска повреда на коленото, односно го скинал предниот вкрстен лигамент и сега ќе го чека пауза од неколку месеци.

Првите дијагнози алудираат на тоа дека станува збор за кинење на круцијалниот лигамент во коленото, па сега се чека само потврда на информацијата, пред да замине на оперативен зафат.

Праксата вели дека за ваква повреда, спортистите отсуствуваат најмалку шест месеци, што во превод значи дека оваа сезона за Војдан ќе биде завршена во моментите кога ќе ги добие официјалните резултати од магнетната резонанца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни