Поврзете се со нас

Свет

Лев има јасен план по селекторската авантура: Почнал да учи странски јазик во потрага по клупски предизвик

Објавено

на

Јоаким Лев најави дека се повлекува од селекторката позиција во Германија по крајот на Европското првенство кое ќе се одржи претстојново лето, но како што информираат германските медиуми, ова не значи дека тој ќе стави крај и на тренерската кариера.

Напротив, угледниот „Билд“ денеска излезе со ексклузива за подготовките кој почнал да ги има Лев за она што следи, односно авантурата која ја посакува на клупски план по цели 15 години како селектор на германската фудбалска репрезентација.

Ако ги вброиме и двете години во кои беше помошник, Лев дури 17 години е дел од селекцијата на Германија која ја направи светски шампион во 2014-та, но тој не планира да застане тука и фудбалскиот пат во тренерските води сака да го продолжи со интернационално искуство надвор од родната земја.

Како што тврди „Билд“, Лев веќе извесно време добива часови по шпански јазик и негова цел е да предводи клуб од Примера, првенство со кое сериозно се поврзуваше токму после најголемиот успех во кариерата.

Лев тесно беше поврзуван со Реал Мадрид откако Германија ја освои светската титула во Бразил, но тогаш Јоаким сметаше дека не смее да ја остави селекцијата во ситуација кога ги доживува најубавите ѕвездени моменти. Седум години подоцна, Лев е подготвен за клупска авантура и негова желба е да води тим од Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни