Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер се заби во заштитниот ѕид и ја освои пол-позицијата во Монaко

Објавено

на

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ќе тргне од позицијата број еден на утрешната трка за Големата награда на Монако.

Леклер успеа да биде најбрз на домашен терен со тоа што квалификаиците ги заокружи на чуден начин со влез во заштитната ограда во моментите кога се обидуваше да го подобри своето време. Со оглед на тоа што беше сам финиш на квалификациите се донесе одлука истите да завршат, па така Леклер дојде до осмата пол позиција во кариерата, прва во Монако.

-Голема штета што заврши во ѕидот, чувството не е исто. Ама во исто време сум среќен поради мојот круг. Загрижен сум за болидот, но ќе видиме, -истакна Шарл во својата прва изјава по освоеното прво место.


Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, трет беше Валтери Ботас од Мерцедес, додека пак актуелниот шампион Хамилтон заврши дури на седмата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни