Поврзете се со нас

Свет

Легендарен англиски стратег ќе го тренира Миовски во Абердин

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Шкотскиот прволигаш Абердин одлучи да се раздели со менаџерот Бери Робсон по лошите резултати во шампионатот каде екипата е дури на осмото место на табелата со 25 бода.

Абердин веднаш се впушти во потрага по наследник на Робсон, потрага која веќе е завршена и тоа со доведување на супер искусно име-тоа е 75 годишниот Нил Ворнок.

Ворнок е тренерска англиска легенда, човек кој повеќе од 40 години е менаџер на голем број на клубови на островот. Тој многупати ги носел своите екипи во Премиер лигата, поточно ги водел до промоција во највисок ранг и сега неговата задача ќе биде да го разбуди Абердин до крајот на сезонава.

-Навистина се радувам на предизвикот овде во Абердин. Не криев дека отсекогаш сум сакал да бидам тренер во Шкотска, па кога разговарав со Дејв и Алан и тие ме замолија да помогнам, почувствував дека ова е вистинска можност. По се видено, тука има добра група момци и моја работа е сега да го извлечам најдоброто од нив.

-Абердин е голем клуб со јасни амбиции и се надевам дека за време на моето време овде, симпатизерите ќе застанат зад тимот и ќе можам да направам насмевка на нивните лица, -порача Ворнок кој своето деби ќе го има против Ренџерс на гостински терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни