Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаревски: Колективот го исфрла поединецот на површина, со нетрпение го очекуваме ЕП

Објавено

на

Македонија издвојува победа над Грција (33:30) во пријателската средба која се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, средба во која наш најдобар играч беше Милан Лазаревски.

Лазаревски уште еднаш потврди дека е во одлична форма и успеа да постигне осум погодоци.

-Овој натпревар не беше воопшто наивен. Грција е многу потценета репрезентација, а притоа имаме информација дека во нивниот штаб имаат француски советник кој треба да помогне во подобрување на нивното ниво. Од друга страна, нашиот селекотор добро нè подготви. Имавме подеми и падови, меѓутоа поентата е да ги сведеме грешките на минимум. Имавме повеќе тактички замисли кои моравме да го испробаме и тогаш веројатно имавме осцилации. Со нетрпение го очекуваме настапот на Европското првенство.

-Веќе кажав, неблагодарно би било превреме да давам прогнози. Нашиот ангажман нема да биде доведен во прашања, можам да кажам дека нашето неискуство ќе биде надополнето со желба и тоа нема да се одрази. Сметам дека ќе имаме добар настап. Благодарен сум за повикот, чест и задоволство е да се игра за репрезентацијата. Имаме квалитет, мислам дека на сите позиции сме добро потковани, а колективот го исфрла поединецот на површина. Денес ми се погоди мене, утре ќе биде некој друг. Колективот на крајот секогаш победува, -порача кружниот напаѓач на Вардар.

Да потсетиме Македонија на ЕП е во група со Франција, Германија и селекцијата на Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни