Поврзете се со нас

Германија

Лајпциг верува во младите тренери: Го потврди ангажманот на 36-годишен стручњак (Фото)

Објавено

на

Ред Бул Лајпциг оствари одлични резултати со Јулијан Нагелсман, но откако замената за актуелниот тренер на Баерн Минхен не го донесе посакуваниот развој, клубот брзо реагираше и експресно назначи нов тренер.

Германскиот бундеслигаш му врачи отказ на Џеси Марш, но само неколку дена подоцна, денеска пристигна официјално известување за ангажман на нов млад стручњак кој допрва треба да ги докажува тренерските квалитети.

Станува збор за 36-годишниот Доменико Тедеско, стратег за кого Германија воопшто не е непозната средина, бидејќи веќе работеше во младинските категории на Штутгарт и Хофенхајм, а во 2019-та година го водеше и Шалке.

Тедеско во изминатите две години беше во Русија и ја претставуваше Спартак Москва, но поради пандемијата која ја предизвика коронавирусот го напушти клубот поради оддалеченоста со семејството.

Ред Бул Лајпциг на својата официјална веб страна соопшти дека Тедеско потпишал договор до 2023-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни