Поврзете се со нас

Италија

Лацио се спаси, Лотито суспендиран на 7 месеци поради лажираните резултати!

Објавено

на

На почетокот на натпреварувачката сезона се случи една парадоксална ситуација кога е во прашање Лацио, бидејќи стандардни првотимци од овој тим добија неколку различни тестови во краток временски интервал.

Невообичаено беше тоа што тестовите направени од УЕФА за Ковид 19 беа позитивни кај неколку фудбалери и со тоа добија забрана за настап во Лигата на шампионите, но од друга страна, истите тие играчи добија негативни тестови и стоеја на располагање во Серија А, се додека не реагираше италијанската Федерација.

Потоа, се откри дека тестовите биле неверодостојни и биле направени од приватна установа која нема сертификат за издавање на Ковид тестови, па сето тоа сега резултираше со драконска казна за лекарите на Лацио и првиот човек Лотито.

Фудаблскиот клуб Лацио успеа да избегне најнеповолна ситуација и донесена е одлука дека нема да им бидат одземени бодови, но поради лажираните тестови, клубот ќе плати казна од 150 илјади евра за повреда на Ковид 19 протоколите.

Новинската агенција АНСА вели дека претседателот Клаудио Лотито е суспендиран на седум месеци, а докторите Фабио Родија и Иво Пулчини нема да имаат дозвола за извршување на функцијата во наредните 12 месеци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни