Македонија
Кузмановски предвреме ја заврши етапата во Вецлар и стана слободен агент

Филип Кузмановски направи трансфер во Вецлар на стартот на годината и беше најавен како големо засилување, но македонскиот репрезентативец не се изнаигра во овој тим и сето тоа денеска заврши со епилог кој е најдобар за двете страни.
Германскиот бундеслигаш денеска ја информираше јавноста дека дошли до предвремен раскин на договорот, што значи дека Вецлар сега останува со еден македонски претставник, легендарниот Филип Миркуловски.
Кузмановски спогодбено го раскинал договорот и всушност самиот побарал да си замине, а раководството не се двоумело премногу и тоа може да се сфати од изјавата на директорот Бјорн Сеип.
– Договорот беше взаемно раскинат. Филип дојде со желба да му биде дозволено заминување, а ние во клубот го испочитувавме тоа.
– Го направивме тоа бидејќи за жал не ги оправда нашите очекувања на теренот. Му благодариме за посветеноста и му посакуваме се најдобро во иднина, – изјавил директорот на Вецлар.
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Светпред 24 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Италијапред 14 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)