Поврзете се со нас

Свет

Крилото во елемент: Поповски „леташе“ и донесе прва победа за Цирих

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Македонскиот интернационалец, Мартин Поповски со блесково издание беше инспиратор на првата победа на Амичитија Цирих во најсилната ракометна конкуренција во Швајцарија.

Цирих во третиот сезонски меч дојде до првото славје и тоа во соочувањето со Сухр Арау од 31:27. Домаќините беа поквалитетен тим на теренот и тоа во двете полувремиња, а еден од играчите кој „газеше“ беше токму Поповски кој даде седум голови со само едно промашување.

Исто толку дадоа Калеб (7/9 од кои 3/4 од пенал) и Лапајне (7/12) со тоа штоа македонското крило имаше далеку подобра реализација.

Со вкупно три бода Поповски и другарите го заземаат 4 место на табелата, нареден ривал им е Тун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни