Поврзете се со нас

Македонија

Крилото останува во Битола: Радовиќ го продолжи договорот со Пелистер

Објавено

на

Екипата на Еурофам Пелистер и во наредната сезона ќе може да смета на услугите на Мирко Радовиќ.

Црногорскиот репрезентативец и клубот од Битола се договорија за продолжување на соработката до 2022 година, односно до крајот на следната кампања (2021/2022). Мирко веќе три години е во сегашната средина и со својата енергија, борбеност, ангажираност стана еден од милениците на навивачите на Пелистер.

Десното крило во својата кариера има настапувано за Будуќност Подгорица, Ловќен како и во Франција и Унгарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни