Поврзете се со нас

Лига Европа

Класа потег од Жозе: Мурињо влезе во соблекувалната на Динамо по болната елиминација на „Максимир“ (Видео)

Објавено

на

Жозе Мурињо многупати во својата кариера знаел да биде ироничен и да испраќа провокации кон противниците, но исто така, во себе поседува и манири со кои не би можеле да се пофалат други тренери, особено по еден болен пораз како овој вечерва.

Динамо Загреб го шокираше Тотенхем и го победи со 3:0 на „Максимир“, триумф со кој ја анулираше негатива од 2:0 во Лондон и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на Европа.

Веднаш по последниот судиски свиреж, Мурињо покажа доблест и им честиташе на луѓето од стручниот штаб и на самите играчи на Динамо, но Португалецот дополнително ја потврдил својата класа во продолжение.

На социјалните мрежи се појави видео од соблекувалната на „модрите“, кое ни открива дека Мурињо демонстрирал фасцинантен фер-плеј, оддавајќи им признание на сите играчи на Динамо со аплауз за фантастично завршената работа на теренот.

Легендарниот стручњак немал проблем да им аплаудира на Стефан Ристовски, Аријан Адеми и сите останати играчи на Динамо во соблекувалната, за што доказ е и следното видео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни