Поврзете се со нас

Репрезентација

Канатларовски: Има голема хемија во тимот, ова е меч кој мора да се добие

Објавено

на

Македонската репрезентација до 21 година има еден предизвик во месец октомври, а тоа е соочувањето со Молдавија во Кишинев.

Ова е трет меч за нашиот национален тим во квалификациите за Европското првенство и истиот според селекторот Драги Канатларовски е од клучно значење. Искусниот стратег смета дека мора да славиме ако сакаме да бидеме на едно од првите две место во групата.

– За претстојниот натпревар со Молдавија нема да има премногу промени во играчкиот кадар во однос на претходните мечеви, во моментов тоа се играчите со кои можеме да располагаме.

– Одредена група на играчи последниов месец не играат многу за своите екипи, но се одлучивме да ги повикаме поради одличната атмосфера што владее внатре во самата репрезентација.

– Од играта на моите фудбалери на дуелите со Шведска и Холандија, лично јас и мојот став сме премногу задоволни, нема што да им се забележи на момците кои одиграа максимално борбено и пожртвувано. Можевме и заслуживме да извлечеме позитивен резултат против Холандија, со оглед на играта и пропуштените можности што ги имавме на таа средба. Постои голема позитивна енергија и хемија помеѓу овие фудбалери, радува фактот што на секој меч без оглед на противникот играат со голема желба, одлучност и залагање.

– Пред нас имаме нов, предизвик, нов натпревари од кавилификациите против репрезентацијата на Молдавија. Со нетпрение го очекуваме овој натпревар, не само ние како стручен тим, туку и самите фудбалери. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и со позитивен резултат ќе се вратиме дома. Дуелот против Молдавија е од огромно значење за нас. Доколку сакаме да бидеме на едно од првите две места во нашата група, овој меч мора да се добие, -порача Канатларовски.

Средбата е закажана за 17. октомври, а првиот собир нашите надежи ќе го имаат на 9 октомври во хотел Парк во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни