Поврзете се со нас

Италија

„Калчомеркато“ јавува: Јувентус тргнува по фудбалер на Челси

Објавено

на

Италијанскиот медиум „Калчомеркато“ јавува дека од таборот на Јувентус биле сериозно заинтересирани во јануарскиот преоден рок да донесат фудбалер на Челси.

Станува збор за фудбалерот од средниот ред на „сините“, Матео Ковачиќ кој има искуство со играње во Серија А затоа што претходно го носеше и дресот на Интер.

Тренерот на Челси, Грем Потер сакал да го задржи Денис Закарија во своите редови, по неколкуте одлични изданија на играчот кој е под договор со Јувентус, а настапува во Лондон како позајмен фудбалер.

Според медиумот, Челси бил подготвен да го отстапи Ковачиќ на Јувентус, доколку италијанскиот клуб во зделката го вклучи и Денис Закарија, а притоа доплати уште 20 милиони евра, со што би се достигнала откупната цена на хрватскиот репрезентативец.

Матео Ковачиќ во моментов чини околу 40 милиони евра, сума која не би требало да претставува проблем за Јувентус доколку клубот навистина е сериозно заинтересиран за одличниот фудбалер од средниот ред.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни