Поврзете се со нас

Лига Европа

Каква класа: Капитенот на Вест Хем ја чистеше гостинската соблекувална по огромниот успех во Европа (Фото)

Објавено

на

Вест Хем ќе игра во прво европско полуфинале по пауза од 46 години и тоа доволно говори каков успех оствари тимот на Дејвид Мојс, кој секако не планира да застане тука и има максимални амбиции.

По ремито во Лондон против Лион, Вест Хем вчера издоминира во Франција и славеше со убедливи 0:3, триумф по кој си закажа полуфиналната пресметка со „џелатот“ на Барселона, импресивниот Ајнтрахт Франкфурт.

Избраниците на Дејвид Мојс воодушевија со своето издание на „Олимпик парк“, но посебно вирална стана сликата од долгогодишниот капитен на тимот.

Марк Нобл уште пред стартот на оваа сезона најави пензионирање во 2022-ра година и ги игра последните месеци како играч и капитен на матичниот клуб, во кој испишува историја повеќе од 18 години. Дефинитивно магично за него би било да се прости со едно големо европско финале, но она што посебно фасцинира е неговата скромност и понизност.

Нобл остана во солзи откако Вест Хем се пласираше во полуфиналето, но тоа не го спречило да го одработи својот стандарден ритуал на секое гостување, односно да ја исчисти соблекувалната по големото славје и да им помогне на вработените во клубот.

Фотографијата ја сподели Вест Хем, но наиде на голем поздрав и од цела Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни