Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ донесе победа за Денвер, Леброн влезе во клубот од „38.000 поени“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Денвер Нагетс продолжи да ниже победи во НБА лигата, а најновата ја оствари против Орландо Меџик (119-116) и тоа во ниезвесна завршнца во која херој беше Никола Јокиќ.

Јокиќ се врати на теренот по кратката пауза, па забележа „трипл-дабл“ во негов стил, „трипл-дабл“ заокружен со тројка за победа со звукот на сирената. Центарот имаше учинок од 17 поени, 10 скока и 14 асистенции, додека најефикасен беше Гордон со 25 кошеви.

Кај гостите четворица беа двоцифрени од кои прв стрелец беше Фулц со 20 кошеви.

Филаделфија по една драма беше подобра од Лејкерс со резултат 113-112. Ембид и Харден одново ги носеа „76-ките“, центарот имаше 35 поени со 11 скокови, „брадата“ пак застана на 24 кошеви, 7 скока и 13 асистенции.

На „езерџиите“ не им беше доволна ниту партијата на Џејмс од 35 поени, партија со која Леброн дојде до клубот од 38.000 кошеви во НБА лигата.

Тој е втор кошаркар кој ја минал оваа бројка, поточно сега има 38.024 поени и прашање на време е кога ќе падне Карим Абдул Џабар (38.387 )

Резултати:
Детроит – Њујорк 104:117
ЛА Клиперс – Хјустон 121:100
Чикаго – Голден стејт 132:118
Бруклин – Оклахома 102:112
Сан Антонио – Сакраменто 119:132
Денвер – Орландо 119:116
Портланд – Далас 140:123
ЛА Лејкерс – Филаделфија 112:113
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни