Поврзете се со нас

Европски првенства

Италијанците грмеа по пласманот во финалето, победата му ја посветија на Спинацола (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Италија излезе како победник од битката со Шпанија, а со тоа обезбеди место во финалето на 16. Европско првенство.

„Аѕурите“ беа подобри, пофокусирани во пенал серијата и сега ќе можат мирно да го проследат второто полуфинале во кое ќе се соочат Англија и Данска.

Овој триумф донесе голема радост и задоволство кај избраниците на Роберто Манчини кои по средбата на „Вембли“ направија еден убав потег и истата му ја посветија на другарот кој мораше предвреме да го заврши шампионатот, Леонардо Спинацола.

Инсиње носеше дрес со Спинацола, а сите заедно го скандираа неговото презиме или во случајот на кратко „Спинаа“, „Спинаа“

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни