Поврзете се со нас

Свет

Исплива скандал во јавноста: Сон се степал со ѕвездата на ПСЖ пред полуфиналниот натпревар (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Катар ја одбрани титулата на азискиот Куп и во големото финале прилично лесно го совлада Јордан, селекција која беше најголемо и најпријатно изненадување на турнирот.

Јордан направи историски успех со самиот пласман на завршниот натпревар, но пред да одигра во финалето, играчите на оваа репрезентација успеаја да го шокираат главниот фаворит за највисок пласман.

Јужна Кореја доживеа огромен шок во полуфиналето и загуби со 2:0, но една недела подоцна, во спортската јавност исплива скандал кој сега беше потврден од корејската Федерација.

Главната ѕвезда Сон имал забелешки за тројца помлади соиграчи кои порано станале и ја прекинале тимската вечерва пред полуфиналето за да играат пинг-понг, по што фудбалерот на Тотенхем влегол и во физичка пресметка со Канг Ин.

Младиот играч на ПСЖ реагирал бурно и го удри со тупаница постариот колега, по што Сон се обидел да возврати и си ги повредил двата прста на раката во споменатиот инцидент.

Останатите соиграчи и членовите на стручниот штаб спречиле тепачката да прерасне во нешто посериозно, но јасно е дека нарушената атмосфера негативно влијаеше врз Корејците, кој еден ден подоцна беа елиминирани од Јордан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни