Поврзете се со нас

Италија

Интер посакува уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Од таборот на Интер во изминативе две години купија неколку фудбалери кои го носеа дресот на Манчестер Јунајтед, а некои од нив се уште се носители на играта на „нероазурите“.

Тука се мисли најмногуна Ромелу Лукаку кој е најдобар играч на италијанскиот тим по неговиот трансфер токму од Манчестер Јунајтед. Освен Лукаку дресот на Манчестер со оној на Интер го заменија и Ешли Јанг и Алексис Санчез, а преку Парма во клубот пристигна и Матео Дармијан.

Сега англиските медиуми пренесуваат дека од Интер сакаат да го ангажираат миленикот на фановите на клубот од „Олд Трафорд“, Ерик Баи.

Стоперот не е најредовен во првиот тим на Оле Гунар Солскјер, па токму затоа засега одбива да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.

Познатиот англиски новинар, Данкан Кастлс пренесува дека Јунајтед ќе го пушти Баи да си оди само за 20 милиони евра, а наводно од Интер биле подготвени да преговараат со англискиот клуб за оваа сума.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни