Поврзете се со нас

Англија

Ингс се надева на изненадувачки трансфер, па го одбил новиот договор од Саутемптон

Објавено

на

Напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс ја одбил понудата за нов четиригодишен договор со тимот на Саутемптон.

Оваа вест ја пренесе „Скај Спортс“ кој јавува дека фудбалерот ја одбил понудата за продолжување на соработката затоа што сака да направи трансфер во летниот преоден рок.

Ингс има уште една година од договорот со „светците“, па ќе мора да си оди ова лето доколку клубот сака да заработи на неговиот трансфер, во спротивно ќе го пушти да замине без никакво обесштетување.

На изненадување на многумина, Манчестер Сити пројавил интересза ангажман на Ингс како замена за Серхио Кун Агуеро.

Ингс веќе неколку сезони со успех го носи дресот на Саутемптон откако ја пронајде својата форма во клубот од средината на табелата во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни