Поврзете се со нас

Шпанија

Играч на Реал Мадрид го кажа судбоносното „Да“ во тренерки и патики (Фото)

Објавено

на

Андриј Лунин не може да се пофали со некоја значајна минутажа во ситуација кога главен конкурент му е Тибо Куртоа, па во отсуство на возбудувања на теренот, вториот голман на Реал Мадрид сега успеа да го привлече вниманието на медиумите со скромната церемонија која ја имаше во матичната служба во Мадрид.

Украинецот си го даде судбоносното „ДА“ со својата долгогодишна девојка и ова попладне се венчале во шпанската престолнина, но неговата објава на социјалните мрежи се најде во прв план поради необичниот стајлинг за една ваква пригода.

Играчот на Реал Мадрид очигледно не е фан на елегантното и покласично облекување, па на денот кога се ожени, се појавил во матичната служба со тренерки, дуксер и патики.

Лунин со своето спортско издание дефинитивно предизвика бура од реакции на социјалните мрежи и ги подели фудбалските фанови, кои имаат измешани чувства за стајлингот на украинскиот репрезентативец.

– Венчани на 18.03.2021. Многу важен и посебен ден во нашите животи. Те сакам, – порача 22-годишниот Лунин кој се ожени со Анастасија Тамазова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrey_Lunin (@lunin_andrey)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни