Поврзете се со нас

АТП

Хуркач со циркуски удар го насамари Циципас и стана хит меѓу тениските фанови (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CincyTennis

Денешната програма на Мастерсот во Синсинати го донесе првиот дел од осминафиналињата, а во терминот во кој играа Александер Зверев и Данил Медведев, истовремено се натпреваруваа и Хуберт Хуркач и Стефанос Циципас.

Гркот вчера имаше една неверојатна ситуција со повозрасна госпоѓа на мечот со Бен Шелтон, но денеска повторно се најде во прв план поради начинот на кој беше насамарен од противникот.

Полјакот доминираше на денешниот меч и заслужено се пласираше во четвртфиналето со победа од 6:3 и 6:4, но го режираше и понеот на мечот во вториот сет.

Хуркач е неверојатно подвижен за својата висина и тоа го покажал во безброј наврати, но магијата која ја режираше денеска брзо стана вирален хит.

Хуберт со еден циркуски удар успеа да го „скамени“ Циципас и да го насамари на мрежа, а со својот потег предизвика воодушевување меѓу фановите на трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни