Поврзете се со нас

Англија

Ходл и Крауч со жестоки критики за Тотенхем: Втор натпревар по ред не се појавија на терен

Објавено

на

Елиминацијата на Тотенхем од Лига Европа е голем удар за премиерлигашот, а убедливиот пораз од Динамо допрва ќе носи критики за фудбалерите и Жозе Мурињо.

Први се јавија Глен Ходл и Питер Крауч како поранешни играчи на Тотенхем, кои во своето телевизиско гостување воопшто не ги штедеа фудбалерите.

– Имаа погрешен ментален пристап цел натпревар. Реков дека ако Динамо постигне гол, очекувам реакција од Тотенхем, тоа беше нивна шанса, но наместо тоа тие се повлекоа.

– Наместо да се борат дополнително пропаднаа во земја, требаше да префрлат во поголема брзина, но не го направија тоа. Сите гледаа еден во друг, ова беше вистинска катастрофа, – рекол Ходл.

– Ова е втор натпревар по ред на кој не се појавија на теренот. Зборуваме дека треба реакција кога ќе примиш гол, а тие решија да се кријат по теренот. Немаше никаква креативност, едноставни додавања. Да, нивниот голман имаше неколку одбрани, но Динамо беше подобар тим вечерва, – изјавил Крауч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни