Поврзете се со нас

Лига Европа

Маестро Мислав го шокираше Мурињо, Динамо е во четвртфиналето на Лига Европа (Видео)

Објавено

на

Динамо Загреб го шокираше Тотенхем на „Максимир“ и со победа од 3:0 се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа.

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа дел од стартниот тим на хрватскиот првак, кој по продолжение успеа да ја надомести негативата од два гола од првата средба одиграна во Лондон.

Херој на „модрите“ беше Мислав Оршиќ, фудбалерот кој ја отвори серијата во 62. минута со прекрасен погодок, кој беше најавата за шокот за Жозе Мурињо во Загреб.

Истиот фудбалер во 83. минута погоди по одлична акција на домаќините, а овој резултат значеше и дополнителни 30 минути.

Во вториот дел од продолжението, Оршиќ го комплетираше хет-трикот со уште еден одличен потег, па во 106. минута ги постави конечните 3:0. Тотенхем имаше една голема шанса со неколку удари во мешаница, но не успеа да го постигне посакуваниот гол и на крајот мораше да се соочи со изненадувачка елиминација.

Ристовски играше речиси до крајот на регуларниот дел од средбата, додека Адеми беше повлечен во 118. минута на средбата.

Фото: ФК Динамо
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни