Поврзете се со нас

Конференциска лига

Хајлајт на вечерта: Мојс го прослави првиот трофеј во кариерата со својот 87-годишен татко (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/WestHam

Дејвид Мојс имаше доста убави и лоши моменти како менаџер во изминатите две децении, но најспецијалните минути дефинитивно ги доживеа вчера во Прага каде го освои својот прв трофеј во кариерата.

Мојс стана првиот Шкотланѓанец по легендарниот Сер Алекс кој освоил европска титула на големата сцена, а тоа се случи откако неговиот Вест Хем беше подобар од Фиорентина во финалето во Конференциската лига.

Погодокот на Боуен во 90-та минута беше почеток на славјето на Мојс кој прослави со спринт во стилот на Жозе Мурињо, но за медиумите и новинарите најуникатниот момент пристигнал подоцна.

Мојс по натперварот нагласи дека ја доживеал најубавата вечер во својата кариера, а незаборавниот момент го сподели со својот возрасен татко.

Дефинитивно, хајлајт на вечерта е заедничката прослава со 87-годишниот татко на Дејвид, кој и покрај доцната старост, дојде да ужива во успехот на неговиот син.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни