Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола за соработката со Меси: Нема проблеми со него, тој е како Мајкл Џордан

Објавено

на

Пеп Гвардиола имаше извонредна соработка со Лионел Меси во Барселона и може слободно да се каже дека двајцата си помогнаа еден на друг да напредуваат и дојдат до повисоко ниво, првиот тренер, вториот како играч.

Во Барселона тие ги освоија сите можни трофеи на клупски план, односно ја предводеа таа победничка генерација која потоа Меси ја продолжи со други тренери, играчи до минатото лето кога поради финансиски причини мораше да си замине од „Камп Ноу“ и потпише за Пари Сен Жермен.

Менаџерот на Манчестер Сити има исклучително високо мислење за капитенот на аргентинската репрезентација кого го спореди со Мајкл Џордан, ас кој важи за најдобриот кошаркар на сите времиња.

-Што значи Меси? Се, Меси е како Мајкл Џордан. Тоа е како кога Фил Џексон (предводникот на шампионската генерација на Чикаго Булс) можеше да го почувствува тоа чувство дека сè тече и нема никакви проблеми. Му должам добро шише вино за да му се заблагодарам за договорите што ми дозволи да ги потпишам.

-Имавме неверојатна група играчи кои му помогнаа кога бевме заедно во Барселона во тие четири години. Имаше многу ѕвезди во вистинско време и вистинска возраст за секого, со Чави, Карлес Пујол и Андрес Иниеста исто така. Имаше уникатна хемија. И без Меси ќе победувавме. Но, дали ќе освоемве толку многу титули? Не, невозможно, -истакна Пеп за „Оле“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни