Поврзете се со нас

АТП

Големо искуство: Ивановски повторно учеше од Ѓоковиќ (ФОТО)

Објавено

на

Тенисерите веќе почнуваат да се подготвуваат за новата сезона иако оваа календарска година официјално не е завршена, но повеќе од јасно е дека главните настани се зад нив и сега фокусот е ставен на 2024 година.

Најдобриот македонски рекет, Калин Ивановски ја започна претсезоната во Дубаи и тоа во друштво на првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ.

Ивановски и пред некое време можеше да тренира, соработува со Србинот кој воедно е негов идол, а овие средби треба да му помогнат да научи некои работи, да прифати совет и секако дополнително да напредува што е главна цел.

Ивановски му се заблагодари на Ѓоковиќ, Србинот му возврати: Во секое време, брате!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kalin Ivanovski (@kalin_ivanovskii)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни