Поврзете се со нас

Италија

Годин лут на луѓето во Интер: Треба да ги прашате нив зошто заминав

Објавено

на

Искусниот уругвајски стопер, Диего Годин конечно се отвори за неговиот неуспешен престој во редовите на Интер и неговото изненадувачко заминување во редовите на Калјари.

Годин пристигна на „Меаца“ како големо засилување од редовите на Атлетико Мадрид и потпиша тригодишен договор со клубот, меѓутоа по само една сезона тој си замина и направи трансфер во тимот на Калјари.

Годин сега прстот го впери кон управата на Интер, а како најголем виновник за неговото заминување го посочи тренерот Антонио Конте кој лично барал фудбалерот да биде продаден.

– Пред шест месеци, Пепе Ерера ми кажа да се приклучам на Калјари затоа што таму уругвајските фудбалери биле сакани. Потпишав двегодишен договор и доколку опстанеме сакам да го испочитувам до крај. На почетокот ми беше тешко, но сега сметам дека можам да го дадам максимумот, се чувствувам добро.

– Ситуацијата во Интер не беше лесна, но дојдовме блиску до освојување на трофеј. Бевме втори во Серија А и бевме во финалето од Лига Европа, -изјави Годин, а потоа беше запрашан зошто не успеал на „Џузепе Меаца“.

– За тоа треба да ги прашате Марота, Аусилио и Конте. Одлука на Конте беше да бидам продаден иако потпишав тригодишен договор со нив, -изјави Годин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни