Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ во мисијата „како се покрива секој сантиметар од теренот“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CincyTennis

Новак Ѓоковиќ го подигнува нивото како што одминува секој меч во Синсинати, па така рано утрово без нималку проблеми се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Америка.

Српскиот тенисер не загуби сет против Фокина и Монфис и со максимална самодоверба го пречека дуелот со Тејлор Фриц, кој иако се очекуваше да биде далеку понеизвесен, на крајот не видовме ништо од тоа.

Причина за тоа беше бруталниот ритам кој го наметна Ноле уште од самиот старт, нешто што едноставно не можеше да се носи домашниот предизвикувач.

Ѓоковиќ му додели „компир“ на Фриц во првиот сет и не загубит ниту еден гејм, а најдобра отслика за неговата игра во овој сет е еден поен од петтиот гејм.

Новак го покриваше секој сантиметар од теренот на перфектен начин и имаше одговор за секој удар на Тејлор, па со игра како оваа рано утрово, сигурно може да се надева на победа во полуфиналето против Зверев и пласман во големото финале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни