Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со емотивни зборови се потсети на својата „тениска мајка“ по седмата титула на Вимблдон

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ вчера ја освои седмата титула на Вимблдон, а неколку часа откако изјави дека се наоѓа на „седмо небо“, Србинот говорел пред новинарите од својата родна земја и открил дека многу му недостасува жената која е негова „тениска мајка“.

Станува збор за легендарната Јелена Генќиќ која е првиот тренер на играчот кој вчера стигна до својата 21-ва грен слем титула, жената која за жал денеска не е на овој свет и не дочека да го види гигантскиот раст на момчето кое таа го тренираше од најмали нозе.

Во разговорот со српските новинари, Ѓоковиќ бил посебно емотивен кога му поставиле прашање за Генќиќ, по што немало потреба да се поставуваат дополнителни потпрашања.

– Да беше меѓу нас, прво што ќе направев ќе ја прегрнев. Толку ми е жал што не е веќе меѓу нас, но толку ми е мило што имав можност после мојот прв успех на Вимблдон да го поделам трофејот со неа во нејзината куќа на Дедиње, местото каде минавме многу време заедно, сонувајќи за најголемите височини.

– Јелена ме научи толку многу за животот, а да не зборувам за тенисот. Тој професионализам и посветеност доаѓаат од неа, таа беше толку темелна во своите анализи и подготовките. На осум или девет  години постојано бев во нејзината куќа и со касети прегледувавме видео снимки од големите шампиони. Ми ја објасуваше играта, тактиката, како да живеам….. Исто така, многу важно беше да имам добри оценки во школо, ме учеше кога да легнувам и кога да станувам, да си ја подготвам торбата и да се однесувам со почит кон другите.

– Она има голема доверба во моите родители и они во неа. Заедно со нив, таа најмногу влијаеше на мене. Без да се претерува, таа е мојата тениска мајка и мојот најважен тениски ментор, жената која ми овозможи да стигнам до тука. Таа секогаш е во моите мисли. Благодарен сум на се што ми овозможи при моите почетоци, времето кое го одвои за мене. Таа беше тренер на Иванишевиќ и Селеш, но наоѓаше време и за мене, таа е легенда на нашиот спорт. Покрај моите родители, таа има најголема заслуга за ова што ми се случува сега, – емотивно порачал Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни