Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ му се обрати на Кирјос: Никогаш не верував дека ќе го кажам ова за тебе (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ ја освои четвртата последователна титула на Вимблдон, вкупно седма во неговата кариера, откако ова попладне во големото финале одново издоминира на подлогоата која полека станува негова омилена и најде решение за разиграниот Ник Кирјос.

Српскиот тенисер го загуби првиот сет, но успеа да пронајде решение и да се врати во мечот, па со три сета во низа стигна до нов триумф и ја одбрани титулата на најпрестижниот тениски турнир.

Ноле го надигра Кирјос и ги доби најважните поени, но исто така маестрално се носеше и на психолошки план и ги игнорираше сите бесни изливи на противникот кој имаше монолози и беше единствениот кој се слушаше на теренот и трибините.

Тоа го однесе до мирна завршница и победа од 3:1 во сетови, но факт е дека неговиот однос со Кирјос сега е далеку подобар и самиот заклучи дека сега имаат мала тениска романска откако претходно важеа за големи непријатели.

– Ник, ќе се вратиш, сигурно ќе се вратиш, не само тука, туку и во финалињата на другите турнири, – му порача Ѓоковиќ на Кирјос откако овој по мечот изјави дека не гледа како би се вратил во ново финале на Вимблдон.

– Ти си еден од најдобрите на светот на оваа подлога, ти честитам тебе и на твојот тим. Ти посакувам се најдобро и те почитувам. Сметам дека си неверојатна атлета и талент, тоа го докажуваш со години, но сега работите се поклопуваат за тебе. Сигурен сум дека ќе те гледаме во завршниците на грен слем турнирите. Никогаш не верував дека ќе кажам толку убави работи за тебе со оглед на односот кој го имавме. Сега ова официјално е романса. Се надевам дека ова е старт на едно пријателство надвор од теренот, тој загуби за да не части пијачка. Не знам дали ќе биде вечерва, но ќе стартуваме со вечера и некоја пијачка, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни