Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го прозва „кралот“ Џејмс: Подготвен ли сум за „еден на еден“? (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Задар каде продолжија возбудувања на „Адрија тур“, но покрај тоа што светскиот рекет број еден се занимава со организација на најголемиот тениски настан во оваа корона пауза, одлучи да му испрати и предизвик на еден од најдобрите кошаркари во светот.

Не е никаква тајна дека вистински кошаркарски идол на Ноле беше трагично загинатиот Коби Брајант, но како фан на Лос Анџелес Лејкерс, Србинот очигледно има добар однос и со актуелниот лидер на „езерџиите“.

Ѓоковиќ го прозва Леброн Џејмс преку својот официјален Твитер профил, такашто го повика на пресметка „еден на еден“ кога ќе имаат можност да се сретнат во блиска иднина.

Србинот со прилично комични движења се приближи до кошот, па прецизната реализација беше доволна причина да му испрати директна порака на „кралот Џејмс“.

Останува да видиме дали Леброн ќе одговори на оваа прозивка на Србинот, и уште поважно, дали ќе му овозможи да се испроба во дуел еден на еден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни