Поврзете се со нас

Шпанија

Ги потроши сите кредити, Реал Мадрид го продава фудбалерот од кого очекуваа многу

Објавено

на

Весникот близок до Реал Мадрид, „АС“ пренесува дека од Реал Мадрид ќе продадат еден од своите фудбалери од кого очекуваа многу во изминатиот период.

На трансфер листа ќе биде ставен се уште младиот, 20 годишен офанзивец Винисиус Жуниор кој не ги исполнил очекувањата на управата на „кралскиот клуб“.

Винисиус оваа година беше редовен во ростерот на Зинедин Зидан, меѓутоа не остави некој најдобар впечаток и на вкупно одиграни 25 натпревари во сезоната запиша само три погодоци на кои додаде и три асистенции што е премалку за офанзивен играч од негов калибар.

Токму затоа од Реал Мадрид ќе се обидат да го продадат играчот во следниот, летен преоден рок како би собрале дополнително средства за ангажман на нови фудбалери.

Се шпекулира дека интерес за Винисиус има од таборот на Арсенал кој е во потрага по крилен фудбалер откако не им успеа планот со Вилијан кого го донесоа како слободен агент и му понудија тригодишен договор, но тој не покажа ама баш ништо во досегашниот дел од сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни